Координација

СОДДЕЛЕНИЕ ЗА КООРДИНАЦИЈА, ПЛАНИРАЊЕ И КОНТРОЛА НА БОЛНИЧКАТА И ПЕРСОНАЛНАТА ИСХРАНА

Покрај координирање, следење и контрола на работењето на фирмата која ја подготвува храната за пациентите и дежурниот персонал за Клиниките и Институтите, ова одделение покрива уште еден многу важен сегмент – грижа за безбедноста, квалитетот и квантитетот на исхраната.
Исхраната за пациентите и дежурниот персонал е многу специфична и неопходно е да биде подготвена хигиенски според одредени нутритивни параметри и потреби во зависност од видот на болеста и енергетските потреби.

Одделението за координација, планирање и контрола на болничката и персоналната исхрана ги изршува следниве активности:
• Планирање на адекватен нутритивен внес според одделни видови болести по утврдени меѓународни и домашни стандарди за правилна исхрана.
• Обезбедува здраствено безбедна храна преку секојдневно следење на квалитетот и квантитетот на хранливите состојки (нутриенси), со перманентен увид во документацијата на производите (проверка на атести, сертификати, декларации и слично.).
• Го следи процесот на приготвување и дистрибуција на храната до пациентите со обврска за оцена на вкусот на јадењета.
• Секојдневна контрола на болничките требовања од секоја клиника и испорака до фирмата за понатамошна обработка. Проследување и контрола на фактурите од фирмата до клиниките.
• Увид на лице место по примени рекламации од Клиниките, изготвување записник и замена на рекламираната храна.

Освен тоа одделението врши и контрола на дистрибуцијата на храна во чајните кујни на самите Клиники како и интервјуа и анкети, како со персоналот така и со самите пациенти.
Визијата на одделението е да ја прошири својата дејност со формирање на Диететско-нутриционистичко советувалиште кое ќе работи и со постхоспитални и други пациенти кои имаат потреба од диетална, односно избалансирана исхрана.