Финансии

СЕКТОР ЗА ФИНАНСИИ

Секторот своите работни задачи ги извршува со 3 одделенија:
  •  одделение за финансиско-сметководствено работење
  •  одделение за јавни набавки и комерција
  •  одделение за информатика и администрација на податоци

Секторот за сметководство, фнансии и комерција е задолжен за изготвување на планови и анализи за работата на Претпријатието, за реализација на правата и обврските поврзани со осигурувањето, за сметководствените и финансиските работи, вршењето јавни набавки и комерција, како и вршење на наплатата на услугите што ги дава Претприајтието.

Споменатите активности Секторот ги остварува преку соодветни служби Гледано севкупно пред се треба да се издвојат следните активности : изготвување на финансов план за Претприајтието, вршење на анализи и изготвување извештаи за работењето на претпријатието по повеќе значајни домени ( физички обем, трошоците, прекувременото работење, искористувањето на работното време, прашањето за платата и др.
Реализација на правата и обврските кои поизлегуваат од договорот со избраната осигурителна компанија и правилата и од општите и посебни услови на различен вид осигурување утврдени преку полисите на истите, изготвување на сметководствени извештаи, прегледи и биланси за вкупните состојби во соодветниот период.

Фактурирање на сите видови извршени услуги на ниво на установата, вршење јавни набавки и комерција, согласно соодветниот план за јавни набавки и инвестиционите програми и вршење на наплата на побарувањата и изготвување на соодветни извештаи за тоа.
Одделението за информатика дава софтверска и хардверска подршка, како и секојдневно администрирање на податоците за потребите на Јавната установа и ЈЗУ Универзитетски клиники.