Правна Служба

СЕКТОР ЗА ОПШТО ПРАВНИ РАБОТИ

ВОДЊАСКА 17, 1000 СКОПЈЕ
Телефони: 02-3147602
e-mail: kontakt@juzr.org.mk
Сектор за општо правни работи, кадрова евиденција и архива

Сектор за општо правни работи, кадрова евиденција и архива ги извршува следните работни задачи:
1.Од областа на работните односи изготвува:
- Материјали за објавување на Јавен конкурс за вработување (оглас, одлука за избор, позитивно/негативно известување на кандидатите кои конкурирале и слично);
- Одлуки за засновање на работен однос;
- Одлуки за распоредување на работник;
- Договори за вработување;
- Одлуки за награда на успешни работници;
- Одлуки за отказ на договор за вработување;
- Спогодби за престанок на работен однос;
- Решенија за работен однос;
- Решенија за плата;
- Решенија за годишен одмор;
- Решенија за кршење на работен ред и дисциплина;
- Решенија за исплата на парична помош поради смрт на член на семејно домаќинство;
- Решенија за платено отсуство поради стапување во брак/смрт на член на потесно семејство;
- Договори за волонтерство;
- Одлуки за отказ на договор за волонтерство;
- Спогодби за престанок на договор за волонтерство.

2. Од областа на облигационите односи изготвува;
- Материјали за објавување на Јавен оглас за издавање на простор под закуп;
- Договори за закуп на простор за вршење на банкарска/угостителска/ трговска дејност;
- Договори за закуп на простор за поставување на кафемати/банкомати;
- Договори за закуп на слободни површини околу објект за поставување на летни тераси;
- Согласно член 7 од Одлуката на Влада на РМ за основање на ЈУ од областа на здраството бр.19-3433/1 (Службен весник на РМ бр.83/2008) изготвува Договори за услуги кои ЈУ од областа на здраството ги нуди на ЈЗУ универзитетски клиники, завод и ургентен центар;
- Договори за услуги кои ЈУ од областа на здраството ги нуди на други правни субјекти.

3.Од областа на јавните набавки-изготвува:
- Модел Договори за јавна набавка на стоки/услуги;
- Дава упатства на референтите при изготвување на тендерска документација;
- Дава правни совети на членовите на комисиите за јавни набавки во врска со правилна примена на законот за јавни набавки.

4. Согласно член 8 од Олуката на Владата на РМ за основање на ЈУ од областа на здраството бр.19-3433/1 (Сл.весник на РМ бр.83/2008), ЈУ од областа на здраството продолжува да ги води постапките пред надлежните судови и други органи започнати од ЈЗУ УКЦС и од ЈУ за заеднички работи.
Во овој дел правната служба изготвува:
- Приговори по поднесени тужби со предлог за издавање на патен налог;
- Одговори на тужби
- Одговори на поднесени опомени пред тужби
- Прием на судска пошта, нејзино разгледување и постапување по истата
- Предавање на предмети на ангажирани адвокати
- Доставување на поднесоци до суд
- Доставување на докази до суд за платени судски такси
- Изготвување на Тужби со предлог за издавање на платен налог по добиени податоци од Службата за финансии за неподмирени побарувања од страна на должници.

5. Од областа на работењето на Управен одбор изготвува:
- Материјали за седниците на Управниот одбор( покана, предлог дневен ред, предлог одлуки и материјали по точките на дневен ред);
- Извештаи за извршени одлуки и заклучоци кои ги поднесува Директорот на јавната установа;
- Записници од работата на Управниот одбор;
- Одлуки/Решенија и Заклучоци донесени на седниците на Управниот одбор.

6. Следење на изманите на законската регулатива кои го засегаат работењето на јавната установа;

7. Кореспонденција со државните институции, јавни установи и други правни и физички лица.

8. Извршување на други работни задачи наложени од непосредниот раководител и директор.