Аптека

 

КЛИНИЧКА АПТЕКА

Ул.Водњанска бб
1000 Скопје
Работно време: 08-15:30 секој работен ден, Сабота 08-15 часот.
Телефон: 02-3147602
e-mail: kontakt@juzr.org.mk

Клинички аптеки сектор во состав на ЈУ од областа на здравството за потребите на ЈЗУ Универзитетски клиники, Завод и Ургентен центар - Скопје која врши фармацевско, здравствена и едукативна дејност.

Набавка, чување и издавање на лекови, медицински потрошен материјал, реагенси, тестови, хемикалии, лабараториски потрошен материјал.
Припрема и давање на извештаи за: лекови, потрошен медицински материјал, тестови, реагенси, хемиски супстанции, лабараториски потрошен материјал според производителот, добавувачи и корисници;
Давање на извештаи за потрошувачката на лекови, по фармакодинамската група и АТЦ класификација, информации за новорегистрираните препарати како и нивните индикации, контраиндикации, начинот на апликација и индивидуално дозирање според состојбата на пациентот.
Ги следи пријавените интеракции и несаканите дејства на лекови, контактира со Националниот центар за следење на несаканите дејства на лековите и за истите ги информира Клиниките и Институтите.
Произвоство на нестерилни магистрални и галенски фармацевски дозажни облици:
Со пуштање на новата технолошка линија се овозможи производсто на парентерални и асептични дозажни облици и изработка на тотална парентерална исхрана;
Едукација на студентите од 10 семестар во задолжителната професионална пракса, обавување на специјалистички турниси од областа на клиничката фармација, фармацевската технологија и фармакоинформатика, учества во процесот на лиценцирање на дипломираните фармацевти со своите едукатори, ментори и испитувачи како и обавување на пракса и полагање на државен испит за фармацевски техничари.

Кадровска екипираност:

Во аптеката во моментот се вработени 1 субспецијалист фармацевт, 5 специјалисти фармацевти, 2 дипломирани фармацевти, 10 фармацевски техничари, административен кадар 3 и технички персонал 5.