Ревизија

СЕКТОР ЗА ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА

Внатрешна ревизија е независна објективна активност за проверување на информации и потврдување на нивната точност и давање на совет, создадена со цел да придонесе во подобрување на работењето на субјектите.
Таа им помага на субјектите да ги исполнат своите цели, применувајќи планиран, строго определен пристап за проценка и подобрување на успешноста во процесите на управување со ризик.
Внатрешниот ревизор е одговорен пред раководителот на субјектот.
Целта на внатрешната ревизија е на раководителот на субјектот да му обезбеди независно објективно оценување со цел подобрување на работењето на субјектот и на ефективноста на системите за внатрешна контрола.

Планирањето на внатрешната ревизија сесостои од изготвување на:
-годишен план за внатрешна ревизија; и
-ревизорска програма за секоја поединечна внатрешна ревизија.
Внатрешниот ревизор изготвува годишен план за ревизија врз основа на проценка на ризикот, во согласност со целите на субјектите и меѓународните стандарди за внатрешна ревизија.
Годишниот план за ревизија треба да биде потпишан од раководителот на субјектот.
Внатрешниот ревизор ги известува раководителите на организационите единици, кои се предмет на ревизија, за делот од планот кој се однесува на нив.

Годишниот план содржи:
-список на системи и процеси планирани за ревизија
-јасни, остварливи и мерливи цели за секоја ревизија; и
-можни показатели во смисла на временска рамка, расположливи ресурси и евентуално ангажирање на надворешни експерти.
Годишниот план за ревизија може да биде изменет доколку дојде до значителна промена во рамките на проценетиот ризик или планираните ресурси при изготвување на годишниот план.
Внатрешниот ревизор за секоја поединечна ревизија изготвува ревизорска програма и за нејзината содржина ги известува раководителите на организационите единици кои ќе бидат предмет на ревизија, барем една недела пред започнувањето на работата на терен.

Ревизорската програма ги содржи следните основни елементи:
-планирани датуми за:прелиминарно истражување, работа на терен, период за изготвување на нацрт извештајот, известување за првичните резултати од ревизијата, поднесување на нацрт извештајот и дистрибуирање на конечниот извештај,
-цели на работењето на ревидираните системи и процеси кои треба да се земаат предвид при ревизијата,
-цели на внатрешните контролори кои треба да се проценат од страна на внатрешните ревизори,
-видови и нивоа на истражувања и тестирање кои треба да се извршат,
-процедури за внатрешна ревизија што се однесуваат на собирање, анализирање, обработување и документирање на податоците,
-список на луѓе кои треба да бидат интервјуирани,