СЕКТОР ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ИМОТ И ЛИЦА И ППЗ

Секторот за одбрана, обезбедување на имот и лица и ППЗ се грижи за физичкото и техничкото обезбедување на сите О.Е. во склоп на просторот кои го обезбедува.
Својата работа ја извршува согласно плановите, правилникот и статутот на работната единица.
Во секторот вкупно има 40 вработени обезбедувачи
Секторот се состои од 2(две) одделениа и тоа:

1.Одделение за обезбедување на имот и лица
2.Одделение за ППЗ.

1.Одделението за обезбедување ги врши следниве задачи:
-ги чуваат објектите, зградите и опремата,
-забрануваат и спречуваат влегување на неовластени и неповикани лица во објектите и просториите,
-контролираат внесување и изнесување на материјални средства, санитетски материјал, медицинска опрема и друго,
-ги откриваат и спречуваат појавите кои можат да го загрозат животот и здравјето на работниците или да нанесат штета на У.К.Ц.
-врши контрола на влегувањето и излегувањето на вработените и пациентите, и извршува работи со евиденцијата според упатствата издадени од надлежните единици,
-ги легитимира непознатите,
-ги легитимира и претресува сите лица кои ќе ги затекне на места на кои е забранет пристап
-го спречува противправното изнесување на имотот, средтва и потрошен материјал,
-контрола и благовремено превземање на мерки за заштита, известување и елиминирање на настанат пожар, експлозија или друга непогода,
-обезбедување на пренос на пари и други вредности,
-спречување на внесување алкохол и други опојни средства ,
-врши контрола и спречува внесување оружје и други експлозивни материјали со кои може да дојде до загрозување на безбедноста на вработените, пациентите и имотот на У.К.Ц.
-спречување на неовластено снимање и внесување на средства и опрема за снимање,
-врши безбедно техничка заштита на правното лице,
-спречување на сите активности со кои се загрозува безбедноста на работниците и имотот на У.К.Ц.
-спречување на неовластено влегување на посета во неприемен термин, на странки без исправа за утврдување на идентитетот, лица под влијание на алкохол,дрога и сл.
-одржување на редот и мирот во кругот на У.К.Ц.

2.Одделение за ППЗ ги извршува следниве задачи

-проверка на заклучените простории по завршувањето на работното време, како и на оние што постојано се чуваат заклучени,
-проверка на електричните и водоводните уреди и инсталации кои можат да се предизвикаат пожар или поплава, проверка на исправноста и достапноста на противпожарните уреди и опрема како и проверка на исправноста и опременоста на системите за дојава и гасење на пожар,
-контрола и обезбедување на проодноста на патиштата и пристапите до објектот,
-редовна контрола и сервис на ПП апаратите и системите за дојава на пожар,
-вршење на редовна годишна обука на вработените од областа на ПП заштитата,
-редовна контрола на против пожарните скали и излези кои треба да бидат постојано во функција.