СТЕРИЛИЗАЦИЈА

СЕКТОР ЗА ЦЕНТРАЛНА СТЕРИЛИЗАЦИЈА

НАША МИСИЈА:ПАЦИЕНТИТЕ ВО ЕТЕРОТ НА НАШЕТО ВНИМАНИЕ
НАША ВИЗИЈА: КВАЛИТЕТНИ, СТАНДАРДИЗИРАНИ И ВРВНИ УСЛУГИ Е НАШ ПРИОРИТЕТ

Секторот за централна стерилизација при ЈУ за потребите на ЈЗУ Клинички болници, завод и ургентен центар, е централно организирана служба, која врши стандардизирано, квалитетно и контролирано, стерилизациски постапки за снабдување со стерилни материјали за сите операциони сали, болнички одделенија и специјалистички амбуланти, за сите Универзитетски клинички болници, но и за надворешни здравствени установи со кои имаме склучено договор.

Централна Стерилизација се состои од две служби:
1. Служба за дезинфекција и стерилизација
2. Служба за научна документација и општо технички работи

СЛУЖБА ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА И СТЕРИЛИЗАЦИЈА
Основната дејност на Централната Стерилизација е прием, механичко миење и дезинфекција, пакување, стерилизација, чување и транспорт на стерилните медицински материјали и хируршки инструменти.
Во службата за централна стерилизација вршиме два вида услуги.За Хируршките клиники /операционите сали/, вршиме комплетна подготовка на севкупниот материјал за хируршки операции.
Машините за миење и дезинфекција /ММD/ работат со 2(два) програма на температура од 65so за термолабилни материјали и на температура од 85 so за термостабилни инструменти.Измиените инструменти, термички дезинфицирани се прегледуваат технички и технолошки, се пребројуваат и се редат во сетови според соодветни протоколи.Следува нивно пакување во метални контејнери, хартија за стерилизација /kreep, non voven/ или polipropilenski или poliutelanski фолии, се етикетираат и се класифицираат за соодветна метода за стерилизација.
Другиот вид на услуги кои ги врши стерилизација е прием на веќе чисти спакувани инструменти и медицински материјал, за сите здравствени установи кои се надвор од нашиот објект.

Централна стерилизација ги врши следниве видови/методи на стерилизација:
1. Стерилизација на термостабилни медицински материјали со водена пареа под притисок во Автоклав.
Стерилизација на термолабилни медицински материјали со 37% Formaldehid во Автоклав.
2. Стерилизација со PLAZMA - / 58% H2O2/

1. Стерилизација на термостабилни материјали со водена пареа под притисок:се врши на одредена температураи зголемен притисок во тек на определено време.
Парните стерилизаторски /AVTOKLAVI/ имаат можност за избор на повеќе видови стерилизаторски циклуси:
1.1. Стерилизаторски циклус на температура од 134 so време 3 мин.и притисок од 2,2 атмосфери /flesh sterilizacija/, наменет за стерилизација на метални инструменти, отворени, неспакувани.
1.2. Стерилизаторски циклус на температура од 134 so време од 7мин. и притисок од 2,2 атмосфери/bari/, наменет за стерилизација на метални инструменти,текстил и завоен материјал, спакуван во пакети;
1.3. Стерилизациски циклус на температура од 134 so време од 30мин.и притисок од 2,2 бари/атмосфери, е наменет за стерилизација на тешки пакети или високо ризични инструменти;
1.4.Стерилизациски циклус на температура од 121so време 20мин.и притисок од 1,2 атмосфери/бари, е наменет за стерилизација на:стакло, гума латекс, силикон и некои видови на пластични инструменти.
1.5.Стерилизација на термолабилни медицински материјали во автоклав..
Контролата на стерилизацијата се врши преку физички, хемиски, биолошки индикатори спопред EN 686 стандард.

2. Стерилизација со Плазма
Плазма стерилизација е нова метода за стерилизација со ниска температура, која како агенс за стерилизација употребува плазма која се добива во самата комора од 58% hidrogen peroksid /H2O2/ под дејство на електрични полиња и негативен притисок на температураод 45 so.
Плазма стерилизаторот има 2 различни цилуси:
2.1.Долг циклус кој трае 72 мин.се користи за стерилизација на флексибилни ендоскопи и долги инструменти со лумен;
2.2.Кус циклус кој трае 54 мин. се користи за стерилизација на ригидни ендоскопи, камери, оптики, оптички гајтани.
Материјалот за стерилизација мора да биде чист, дезинфициран и потполно сув.Подготвениот материјал за стерилизација се пакува со специјални обвивки Tyvek, кој е во форма на фолии или хартија за стерилизација /неткаен текстил/.Потребно е компатибилност на инструментите и нивниот лумен.
Во плазма стерилизацијата може да се стерилизираат материјали од алуминиум, стакло, латекс, полиетилен, полипропилен, силикон, тефлон, керамика, поливинил хлорид, полиуретан и сл.
Материјали кои не смеат да се стерилизираат во плазма се: хартија-целулоза, памук-текстил, прашак и течност.

Служба за Научна Документација и општо техничко работење

Службата за научна документација претставува архив на целокупната медицинска документација на Хируршките клиники. Медицинската документација подлежи на посебен закон за заштита според кој медицинските документи се чуваат задолжително 10, 20 40 год. но постојат и документи кои се чуваат вечно.
Основна дејност на службата за научна документација е евиденција на медицинската документација според: име и презиме на болниот по азбучен ред, матичен број, клиника, и дијагноза.
Во медицинскат документација се вбројува:комплетна историја на болеста , рентген слики, матични книги, амбулантни и оперативни протоколи и сл. Со својата дејност оваа служба активно учествува во прибирање на статистички податоци според: пол, возраст, дијагноза, географско подрачје, искористеност на болничкиот капацитет, времетраење на лекување и компликации од одредена болест при одредување на здравствена карта за одреден здравствен проблем или состојба на население.
Податоците од медицинската документација се основа на сите стручни и научни трудови: семинарски, дипломски, специјалистички, магистерски и докторски дисертации на медицинските работници и медицинските соработници.
Активно учествува во подготовка на лекарски уверенија и издавање на медицински документи за потребите на МВР и судовите.
Издавање на медицински документи на пациенти на лично барање.
Класификација на медицинската документација се врши според европската номенклатура.