Технички сектор

СЕКТОР ЗА ТЕХНИЧКИ РАБОТИ
Одделение котлара

Одделението котлара врши производство и дистрибуција на топлинска енергија од централната котларница до корисниците, во облик на технолошка пареа, топловодно греење и санитарна топла вода.
Котларницата работи 365 дена во годината и тоа со различен капацитет:
Во зимскиот режим работи со полн капацитет, т.е. произведува и дистрибуира топлинска енергија до корисниците во облик на топловодно греење, технолошка пареа и санитарна топла вода. Зимскиот режим важи од 15 Октомври до 15 Април следната година.
Во летниот режим работи со намален капацитет, т.е. произведува и дистрибуира топлинска енергија до корисниците само во облик на технолошка пареа и санитарна топла вода.
Летниот режим важи од 16 Април до 14 Октомври истата година.
Одделение телекомуникации
Одделението за телекомуникации врши работи од соодветната област и тоа:
• 24 часовно проследување на сите телефонски повици од надвор кон секоја Клиника со помош на телефонисти.
• Проследување и монтажа на нови директни телефонски броеви од Македонски Телеком до секоја Клиника.
• Оддржување на целокупната телефонска и терминална мрежа, како и главната телефонска централа.
• Пуштање на нови префрлувања на стари телефонски броеви.
• Оддржување и сервис на телефонски апарати, факсови, мини централи, мобилни телефони, фотокопири и слично.
• Информирање на пациенти кои доаѓаат на интерните клиники преку информатор.

Одделение техника за хируршки клиники

Ракување, сервисирање, тековно оддржување и отсранување на дефекти и на опрема и инсталации во објектот на Хируршките Клиники и Ортопедска Клиника.

1. Машински оддел
Ракува и ги одржува 24 часовно термотехничките постројки и инсталации:
• Ракување со 22 клима комори од центалниот Систем за климатизација на хируршките клиники, инсталирани во седумте машински сали (подготовка на системот за централно греење во летниот период и подготовка на централниот систем за ладење)
• Следење на работата на хидрофорските постројки, електромотори и пумпи, како и изведување на евентуални интервенции (при дефект)
• Отстранување на пријавени дефекти кои се однесуваат на радијаторско греење, климатизација, санитарна топла вода во операционите сали и олуци.

2. Електро оддел
Ракува и ги оддржува електро-енергетските постројки и инсталации:
• Секојдневни поправки на електро инсталација и одклонување на дефекти настанати од проблеми во инсталација: нагорени жици, клеми, осигурувачи и слично.
• Преправки на електроенергетски инсталации, пуштање на нови инсталации и слично.
• Интервенција на лифтови на I ниво: одглавување на лифтови и ослободување на патници
• Контрола и помош при работа на овластените сервисери на лифтовите.
• Поправки на уреди како пегли, калорифери, продолжни кабли, решоа и слично.
• Поправка на енергетски и управувачки дел медицинска опрема.
• Работа и контрола на три електродизел агрегати за ресервно напојување.

Одделение климатизација на интерни клиники и возен парк
-Оддел за климатизација на интерните клиники-
Одделението за климатизација на интерните клиники ги обслужува системите за климатизација при интерните клиники во летен/ зимен режим, т.е.:
Оддел за трансплантација на коскена срцевина при Клиниката за хематологија.
Операциони сали при Клиниката за уво, нос и грло.
Оддел за кардиоангиографија при Институтот за кардиологија.

Акцелераторска линија при Институтот за онкологија.
Интензивна нега при Клиниката за токсикологија
Нови интерни амбуланти при Интерниот блок.
Оддел за раствори при Клиничка аптека (како дел од ЈУ)
Работни задачи:
Одделението за климатизација е задолжително за обезбеди опслужување (следење, водење и оддржување во оптимална функција) на HVAC системите за климатизација на Интерните клиники во летниот/зимскиот режим.
ДЕЛОВ ОД СТРАНИЦАТА Е ВО ИЗРАБОТКА, СЕ ИЗВИНУВАМЕ И ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА ЌЕ БИДЕ КОМПЛЕТЕН